Сојузот на спортови од Охрид бира „Спортист на годината“

Тие ги повикаа сите членови на Сојузот на спортови на Охрид, екипи на територијата на Охрид, спортски работници, поединци, спортски новинари да достават свои апликации.

 |  Мишел Наумоски  | 
sportisti
спортисти

Сојузот на спортови од Охрид и годинава ќе бира спортист на годината. Овие престижни спортски признанија може да се добијат во повеќе категории и тоа најуспешен спортист поединечно, најуспешен млад спортист поединечно машки и женски, најуспешна спортска екипа, спортски тренер, спортски работник и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, како и спортски презентер.

sportist na godinataИзборот на најдобрите ќе го прави комисија избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови, а составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот. Спортистите треба да исполнуваат неколку критериуми, и тоа : Да поседува решение од Централен регистер на РМ, Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ, Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување, секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб. Клубовите кои не се членки на Сојузот на спортови од Охрид при аплицирањето треба да поднесат пријава за членство, додека оние кои нема да достават комплетен извештај за своите активности во текот на 2013 година, нивните предлози нема да бидат разгледувани.

sportist na godinata Сите апликации да бидат поткрепени со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе бидат вреднувани додатни прилози, како објави во печатени и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи. Инаку апликациите треба да бидат доставени најдоцна до 8ми Јануари 2014 година на електронската адреса на Сојузот sojuznasportoviohrid@yahoo.com, во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит, до Претседателот на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче, потпретседател, Цветко Чолески, или Техничкиот секретар, Радован Попоски.

Инаку церемонијата за прогласување на најдобрите се очекува да биде во втората половина на Јануари 2014 година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top