• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Согласно решението на Регулаторната Комисија мора да има поскапување на водата за пиење до крајот на годинава

Согласно решението на Регулаторната Комисија мора да има поскапување на водата за пиење до крајот на годинава

оа се уредува согласно Закон и Правилник за начин и постапка за утврдување на тарифа на водна услуга. Повлекувањето на предлог одлуката на вчерашната седница е само одложување. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

Мало зголемување, корекција на цената на водата се пиење, ќе стартува со решение на Регулаторната Комисија од 2021 година, кажа градоначалникот Константин Георгиески на последната седницана совет. Тој притоа ја повлече од дневен ред точката за утврдување на цена за водата за пиење со која требаше да се зголеми фиксниот надоместок од 72 денари на 100 денари за физички лица и од 100 на 150 ден за правните лица. Градоначаланикот кажа дека и тој смета дека поскапување никогаш не е популарно решение но во случајот е еднинствено решение согласно законот.Согласно решението на Регулаторната Комисија мора да има поскапување на водата запиење до крајот на годинава, кажа Георгиески.

„Доколку ние не ја усвоиме оваа одлука тогаш Регулаторна Комисија ќе донесе решение по нивно видување и ќе го исклучи фиксниот надоместок и ќе ја зголеми цената на водата. Ние сме обврзани да постапиме според решението инаку ќе следат казни и ќе има понеповолно решение за нашите граѓани“.

Точката за цената на водата предизвика дискусија во која советниците од опозицијата од говорница го посочија проблемот со загубите на ЈП по разни основи а пред се нефактурирана вода и додадоа дека не е во ред истите да ги покриваат граѓаните.

„Во бизнис планот наведувате покачување цена во вкупна количина вода која треба да се фактурира . Тоа е 11 милиони кубици вода, а се фактурирани само 3 милиони . Само 30 посто , а има 70 посто загуба дали решението на загуба треба да се бара со поскапување на цената на водата или нефункционалноста на претпријатието. Треба да се фокусирате да се надмине проблемот, а не товарот да падне на грбот на граѓаните“.

Советничката Гордана Коњаноска, во дискуијата кажа дека покрај нефактирираниет колични на произведената вода претпријатието се соочува и со преврботеност.Со ваква организациска поставеност на ЈП и структура на вработени нема да се се подобри состојбата во ЈП независно колку ќе се зголеми цената на водата, кажа Коњаноска.

Градоначалникот кажа дека дел од загувбите се детектирани и се резултат на стара водоводна мрежа, дел од диви приклучоци, дел од неажурност во читање на податоци. Истакна дека го задолжил менаџментот на ЈП да изработи план и програма за надминување на губитоците во иднина.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top