Со рушење хотел продолжи акцијата за отстранување дивоградби

Продолжува  акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје. Денес се рушеше дел од  хотелски објект. На терен екипи и од општинскиот и од државниот градежен инспекторат вршат континуиран надзор вели Градоначалникот Георгиески и додава дека процесот на отстранување дивоградби се одвива без поголеми проблеми.

 |   | 

Со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга денеска продолжи  акцијата за отстранување на бесправно изградени објекти. Засега процесот на отстранување нелегални објекти се одвива без поголеми проблеми согласно позитивните решенија за отстранување бесправни објекти и донесените заклучоци, вели Градоначалникот Константин Георгиески.

„ Има доста заклучоци но со оглед дека сега се отстрануваат објекти кои се во крајбрежјето, покрај тие што беа урбана опрема , сега и поголеми објекти се отстрануваат затоа што имаме дополнителни средства за таа намена .00:52  00:59 Тие објекти што се на крајбрежјето сите ги работиме , не знам колку се точно на број, околу 10 – 15 објекти се. Тоа што треба да се отстрани, ќе биде отстрането.“ – вели градоначалникот.

Рушењето на хотелот се вршеше во присуство на претставници и од локалниот и од државниот градежен инспекторат. Градоначалникот Георгиески открива дека мешани тимови вршат континуиран инспекциски надзор.

„ Во петокот дојдоа четири тимови инспектори од Државен градежен инспекторат и се заедно на терен со нашите инспектори и во објекти кои се легализирани во заштитен појас од 50м, затоа што согласно Законот за легализација се дозволува легализација меѓутоа тие не се вклопуваат во урбанистички план, сите тие ги контролираме затоа што имаме случаи еден објект од 50м2 е легализиран меѓутоа вршени се доградби на уште 200 квадрати на пример. Значи сето тоа што е нелегално доградувано ќе го отстраниме.“ – кажа Георгиески.

Инаку  отстранувањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО, а  за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид. Охридскиот градоначалник за напорите за ставањето ред на крајбрежието доби поддршка од амбасадорот Самуел Жогар при неговата неодамнешна посета при што беше посочено дека ЕУ ќе го поддржи Охрид  да  гради стратегија за одржлив туризам  на брегот на Охрдиското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top