Со маска на лицето, со хуманост во срцето

Со маска на лицето, со хуманост во срцето. Лајoнс клубот „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Собраните средства ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Женскиот лајoнс клуб „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Членките на овој клуб заедно со своите гости го прославија петтиот јубилеј под маски. Покрај лотарија оваа година подготвија кувар „Гответе со Деници“ во кој има околу 60тина рецепти на членките на женскиот лајонс клуб, а средствата од продажбата на овај кувар ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид.

Секогаш ги подаваме рацете на оние кои први ќе побараат помош. Има многу на кои им е им е потребно да им се помогне, но ние гледаме средствата да бидат наменети за тој што му се најпотребни. И сите тие средства ги даваме од срце, вели Нина Момироска претседателката на Лајонс клуб „Деница“.

И младите се повеќе се приклучуваат кон клубот „Деница“ сакајќи преку хуманитарни активности да им помогнат на ранливите категории на граѓани. Анастасија несебично помагаше во реализацијата на годинешната забава.

Посакувам хуманите луѓе да го купат куваров и да готват од него и посакувам успешна хуманитарна акција која ја организираа Деници, вели Анастасија Жупан, член на Деница.

Гостите на маскембалот покрај што се забавуваа и донираа средства велејќи дека вакви активности му се потребни на градов.

Јас мислам дека има хумани луѓе, но треба да се поттикнат. Не се секогаш парите во прашање туку треба да се има воља и желба да се помага, рече Климе Шешоски.

Со паричните средства од синоќешната забава, членките на ЛК „Деница“ ќе реализираат донација како и ланската година кога беа набавени лап топ компјутери и таблети за деца со оштетен вид. Предходно беше набавена фото копир машина за ОУ „Глигор Прличев“.
Дениците изминативе години реализираа и повеќе донации на услуги и производи за потребите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Зраци“.
Дениците продолжуваат со своите активности. За оваа година имаат планирано уште многу хуманитарни акции кои се од различен карактер, но во кои се вложува многу труд и љубов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top