„Сирано“ премиера на Охридскиот народен театар

Охриѓани согласно ковид протоколите ќе можат да ја погледнат комедијата „Сирано“ според тестот на Душан Ковачевиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. За прв пат од формирањето на театарот претставата ќе се игра на големата сцена.

 |  Валентина Неловска  | 

Актерите од Охридскиот народен театар во сопствена продукција ќе имаат премиера со претставата „Сирано“. Станува збор за комедија на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски, информира за новиот театарски проект, Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев.

„Во ова време невреме ја поканувам публиката да ја посети претставата да ужива, да се насмее и да однесе дома една позитивна атмосфера“ .

Во претставата „Сирано“ играат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодоровски, Филип Кипровски, Ивица Цонев, Павел Маслов и Биљана Билаловиќ Вељаноска. Актерите ќе ја прикажат премиерата „Сирано“ согласно безбедносните протоколи за заштита од пандемијата.

„Оваа претстава за прв пат од кога е формиран Охридскиот театар ќе се игра на големата сцена. Вообичаено претставите се играат на малата сцена, но заради редицирансота на публика за да има поголеми можности за седишта ќе се игра на големата сцена за да бидат сите задоволни“.

Премиерата на комедијата „Сирано“ е закажана за 13 март, в сабота со почеток во 19 часот. Картите се пуштени во продажба и можат да се набават со претходна резервација. Цената на билетите е 200 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top