Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанско

 |  Татјана Маленкова  | 
konferencija
konferencija

После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два предлози. Едниот од нив ќе се работи на управување со биодиверзитетот, а другиот на адаптација на климантските промени“, вели претставникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.

„Како втор момент внатре во самиот договор страните и сите кои ќе работат на самиот договор се договорени согласно потпишаниот договор да се продолжат заеднички активности за размена на информации од сите страни на дримскиот басен, да се направат услови за одржливо искористување на водите во дримскиот басен од истекот на Охридскотот езеро до вливот на реката Дрм во Бајане и во Јадранскотот Море, потоа да се подобрат активностите поврзани со управувањето со цврстиот отпад и со отпадните води, да се намали загадувањето кое доаѓа од хазардните супстанции и секако да се обидеме да ги промениме договорите кои што ги регулират нивото на Охридското езеро“, вели  претставник на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.
konferencija
Првиот проект кој ќе го финасира германската влада ќе биде за климатските промени.
Ние не можеме многу да влијаеме на климатските промени, затоа процесот кој ќе го започнеме се вика
адаптација на климетските промени и поради тоа мора да ги адаптираме водените ресурси кон климетските промени кои на едно десетлетие одат во минимум или максимум што значи или премалку вода или поплави.

drimski basen„ Адаптацијата препознавање на тие сценарија и внесување на науката внатре во самиот процес на одлуки се клучните, во тоа дали квалитетно ќе се искористат водите од дадениете базени и дали енергетската стратегија која е најважна во дримскиот басен и која има најголем предизвик ќе се прилагоди кон водените капацитети на самиот басен“, истакна Пановски.

Водата од охридското езеро сега сеуште се испушта со договор од пред педесеттина години склучен помеѓу Албанија и Држава во чиј што состав беше и Македонија. Мора да признаеме дека овој договор одговараше на тогашните еколошки, енергетски и економски и социјални услови кои влијаеа во овој регион, но сега е се изменето. Поради тоа се прават напори да се ревидираат тие договори, за на крај да се заврши со еден генерален договор како што е Дримскиот  басен, за начинот на наговото управување потпишан од петте држави, а не само од две затоа што влијанието е од многу повеќе страни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top