Шест лица приведени за тепачка во кафе бар и во Општа болница Охрид

Шест лица приведени за тепачка во кафе бар и во Општа болница  Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
свр
свр

Охридската полиција приведе шест лица кои предизвикле тепачка во кафе бар и во општа болница Охрид. Настанот се случил во 1 часот по полноќ, кога под дејсво на алкохол четири лица во охридски кафе бар по меѓусебна расправија започнале физички да се пресметуваат со тупаници, чаши и шишиња. Тројца од нив на возраст од 18, 25 и 40 години  завршиле на хируршкото оддление. Тројца доктори  истовреме хируршки интервенирале на повредените пациенти во пределот на главите, немало пациенти  со прострелни рани, информираше хирургот Димитар Арнаудов.
докотр

„ Повредените изгледаа како да се во тешка општа состојба,  но беа вон животна опасност. Соодветно ги решивме хируршки и ги задржавме на опсервација. Утринава се напарвени испитувања, стабилни се и очекуваме по иследувањата да ги пуштиме на домашна нега, рече Арнаудов.  

Од СВР Охрид информираат дека тепачката не завршила во кафе барот туку продолжила и во болничкиот хол на Општа болница.

стефан

 

 

 

„ Во второто нарушување учествувал еден родител на учесник во тепачката во кафе барот како и еден ученик во тепачката во кафе барот кој учествувал во физичката пресметка“, информира Димоски.  

 Во оваа  тепачка, пак двајца се здобиле со скршеници и биле упатени на понатамошно лекување во болницата Св Еразмо Охридски. Тука не сопрела пресметката туку било пукано кон  домот на  еден  од учениците во тепачката во кафе барот.  Еден учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир во кафе барот пукал на улица. Од СВР Охрид работат на расветлување на остантите аспекти на двете нарушувања и пукањето. Во текот на денот најавуваат кривични пријави по неколку основи за сите учесници во инцидентот. Во  тепачката во кафе  барот со лесни телесни повреди се здобил  и еден полицаец  кој учествувал во  спречување на тепачката.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top