Шапкар не се појави на главниот претрес

Одложен главниот претрес на судскиот процес против Христијан Шапкар.

 |  Билјана Николовска  | 
основен суд
Основен суд Охрид

gliser ShapkarВо Охридскиот Основен Суд, денес беше одложен  главниот претрес против Христијан Шапкар, кој се терети за предизвикување на глесерска несреќа. Неприсуството на обвинетиот Шапкар беше причина тоа да се одложи. Отсуство го оправда бранителот на обвинетиот, Емил Балабан, пред главниот судија Милчо Клишески и останатите присутни, со потврда од Приватна Здравствена Организација на општа медицина. Според медицинската потврда  Шапкар поради здравствени причини, јака лумбална болка не бил во состојба да присуствува на денешниот главен претрес. На денешниот судски претрес не беше присутен ниту адвокатот на Златко Муцински, Татјана Попоска и сведокот Ален Каоу. Присутни сведоци беа Ангела Белеска, Ивана Шапкар и Тодор Ропчев. Главниот претрес се одложи за 18 октомври во 13 и 30 часот. Само за потсетување глисерската несреќа се случи минатото лето на 22 август. Во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени веднаш по несреќата, Шапкар управувал со глисер од марката „сидо“, а со него биле неговата сопруга Ивана и две други лица, нивни пријатели. Муцинска управувала со глисер марка „регал“. Поради брзина поголема од дозволената, глисерот на Шапкар поминал над глисерот на сега покојната и го преполовил. Од силината на ударот, Муцинска починала на самото место на несреќата. Како осомничен, Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста и имотот на луѓето во сообраќајот и од страна на истражен судија му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена. После одлежувањето на притворот во болницата Св.Еразмо, Шапкар беше пуштен да се брани од слобода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top