Семејството на Новаковиќ најави тужба во Стразбур

Ваквата одлука семејството ја донела бидејќи биле незадоволни од завршните зборови во процесот кој се води во Основниот суд во Прилеп против четворицата осомничени.

 |   | 
Dejan Novakovic
Дејан Новаковиќ

Семејството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој минатата година беше претепан до смрт во Охрид, денеска најави дека правдата ќе ја бараат во Стразбур.

Ваквата одлука семејството ја донела бидејќи биле незадоволни од завршните зборови во процесот кој се води во Основниот суд во Прилеп против четворицата осомничени.

Братот Ненад, сопругата Александра и мајката Јулијана не можат да прифатат како е можно да исчезнат сите докази за убиството и никој од дваесетината сведоци не знае, не видел или не памти како Дејан бил претепан до смрт.

Според нив, Обвинителството било незаинтересирано да ја застапува тужбата за време на целиот процес.

„Изненадена сум од постапките на Обвинителството. Очекував приказната да се одмотува во судот и дека ќе има суштински прашања“, изјави Јулијана Зубовиќ, која предвреме го напушти денешното рочиште.

Таа беше револтирана од смената на квалификацијата на обвинението од „свирепо убиство“ во „учество во толпа“ што се случи на минатото рочиште.

Пресудата на убиството на Новаковиќ ќе биде соопштена на 14-ти јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top