Семејството Хусоски, бара кров над глава

Без храна, дрва за огрев, болјер, живее 4 членото семејство Хусоски од Охрид. Тие бараат покрив над главата бидејќи со минимална плата која месечно влегува во нивниот дом можат да го платат само наемот за стан и комуналните давачки. За живеачка им останувале само 500 денари како што кажа Ермина Хусоска, која во рацете го држеше своето едногодишно болно дете, за кое дополнително и требаат средства за лекување.

 |  Николоска Биљана  | 
husoki
хусоски

husokiВо една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“.

„Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам детето, немам дрва видете на ладно седам немам пари да одам во Скопје немам пари за пат, а детето треба да прими вакцина“ – раскажува Хусоска.

husokiХусоска засега не зема никаква парична помош или посебен додаток за нејзиното дете. Но како што таа нагласи, најтешко од се и било тоа што немала свој покрив на глава. Го повика градоначалникот и сите надлежни да ги посетат и да се уверат со свои очи како секој ден се борат да преживеат.

„Да дојдат да видат и да ми дадат помош бидејќи како прво немам услови да ги капам децата и маж ми е нервозен, јас пијам лекови за срцето немам сила и мислам дека државата треба да ми помогне и да ми даде социјален стан на ова инвалидно дете мислам дека му следува“ – апелира Хусоска.

Со две малолетни деца во четири ѕида со влага, без дрва за огрев, Ермина, стравува како ќе ја помине зимата. Вели дека секоја помош од институциите и хуманите сограѓани е добредојдена, но најважно од се и е да добие свој покрив на главата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top