• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Секретарот на општината возврати на пресот на СДСМ – Темата образование ја злоупотребуваат во политички цели

Секретарот на општината возврати на пресот на СДСМ – Темата образование ја злоупотребуваат во политички цели

Секретарот на општината возврати на пресот на СДСМ –  Темата образование ја злоупотребуваат во политички  цели.

 |  Валентина Неловска  | 
опстина

СДСМ и нивните коалициски партнери темата  образование неосновано ја  експлоатираат за добивање на политички поени. Јавноста тоа ќе го препознае затоа што градоначаникот и оваа локална самоуправа постојано инвестира во образованието, истакна  Димитар Спасески секретарот на општина Охрид  реагирајќи на денешениот прес на СДСМ. Тој порача дека седниците на совет се место каде што се посочуваат и решаваат проблемите, а не на прес конференции  што значи бегање од состојбите. Секретарот при тоа напомена дека училиштето во Трпејца не е во лоша состојба како што ја прикажуваат. Кажа дека тие ги испочитувале барањата на трпејчани  од потребата за постоење на паралелката во училиштето во Трпејца  и дека  вложиле  средства во средување на една училница и во  санитарните чворови во училишната  зграда. Спасески се задржа и на обвинувањатат за вработувањата со Законот за трансформација во редовен работен однос.

„ На вработените градоначалнијот нИкола Бакрачески им ги исплатиле  месечните надоместоци кои не ги добивале за чесно сработеното пред нивното доаѓање на власт кога  нивните претходници ги вработувале за  предизборни цели“, кажа Спасеки.  
Во врска со обвинувањето дека локалната самоупарава нема поствено раководител на секторот за образование  Спасески кажа дека луѓето кои работат во секторот образование се одговорни и вредни, но според законот за административни службеници секретарот  е одговрен онаму каде што нема  раководител на сектор. Напомена дека има голема разлика меѓу менаџирање со образвнието на оваа постава на локалната со онаа предходно

„Ако се навратиме на тендерот за превоз ние наследивме тендер кој општината ја чинел 38 милиони денари, а по нашето преземање со ист број на ученици и иста цена на нафта општина Охрид постигна цена од 23 милиони денари. Прашањето е каде оделе тие пари , разликата од 15 милиони денари“ ,   праша Спасеки.

Секретарот кажа дека заштедиле и  250 000 евра за греење на училиштата.  Потенцира дека тие со чесно и домаќинско работење само во 2015 година од буџетот  издвоиле 900.000 евра  за образованието. Вложиле средства во 4 основни,  две средни училишта, отвориле две групи детски градинки во руралните средини, а  ја средиле и имотната документација на училиштата бидејќи тоа нивните претходнициод сдсм  не го направиле иако иамле време од 2 години да гирешат имотните состојби со училиштата. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top