SEAVUS едукативен центар им помага на младите луѓе да се вработат во IT индустријата

Сивус едукативниот центар 10 години во Македонија а од 2017та година присутен и во Охрид, продуцира квалитетни кадри за ИТ индустријата. Најатрактивна е академијата во делот на програмирање што е најбарана и најплатена професија во моментов на пазарот. Секоја година сè поголем број на лица над 30 години ги следат програмите како најбрза и најефективна форма на лична преквалификација и можност за вработување во IT или дизајн индустријата.

 |   | 

Пазарот за IT кадар е гладен за нови кадри и тоа е можеби единствената  индустрија која во моментов во Македонија бележи раст. Извозот на ИТ услуги е во пораст дури и во пандемиската 2020та. SEAVUS едукативниот центар (SEDC) 10 години едуцира кадри способни веднаш да се вработат во IT секторот и да ги исполнат очекувањата на фирмите. Специјализираниот тренинг центар организира академии во областите на програмирање, компјутерски мрежи дизајн и тестирање софтвер. Програмите од академиите се наменети за луѓе кои имаат желба да се специјализираат или преквалификуваат со цел да почнат нова кариера во IT или дизајн индустријата.

„ Во моментов атрактивноста на студиите е најголема во делот на програмирање каде и најголем е бројот на запишани студенти годишно. Но не помалку атрактивни и важни се и многу нови насоки, особено тука би ги потенцирала последните најнови области на коишто работиме а тоа се data cience и дигитален маркетинг. Покрај програмирањето во моментов како најбарана професија па и најплатена професија во Македонија, не помалку популарен е дизајнот. Малку поартистичка дисциплина која е исто така многу важан во сите сегменти на индустријата и многу луѓе кои и немаат толку силен афинитет кон технологија знаат да се испробаат во дизајнот.“ – вели Весна Иваноска, генерален менаџер на SEAVUS едукативен центар (SEDC)

За да почнете со било која од програмите не  е потребно предзнаење. Академиите се наменети за лица над 18 години со минимум завршено средно образование и без горна старосна граница. Секоја година сè поголем број на лица над 30 години ги следат овие програми како најбрза и најефективна форма на лична преквалификација.

„Уписите на сите академии во моментов се отворени. Всушност отворени се во текот на целата година, затоа што се случуваат многу брзо промените. Ние сакаме да бидеме флексибилни , да излеземе во пресрет, така да отворени сме за уписи во моментот. Интересот е огромен. Понекогаш на три месеци пред стартот на учебната година сме целосно пополнети па потоа се бараат уште места, уште една група и слично. Затоа апелираме секогаш побрзо да се пополнат апликациите или да се разговара со нас за потребните информации.“ – посочува Иваноска.

Сите програми се комбинација од теоретска и практична настава. Во текот на студиите се работи на индивидуални и тимски проекти. По завршување на академиите се стекнувате со диплома. За одредени предмети кои се слушаат по официјална програма по нивно положување студентот добива и официјален сертификат кој е меѓународно признат. Вработеноста на кадрите кои излегуваат од aкадемиите на SEAVUS е 75 %.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top