Се полнат болниците во Охрид и Струга

Хоспитализирани се 12 лица. Свадбите, концертите и забавите на охридско-струшката ривиера го потпалија четвртиот бран ка корона. По најавата за нови мерки од 16 август, зголемен е интересот за вакцинација, особено кај младите во Охрид.

 |   | 

Расте бројот на заболени, повторно отворени модуларните болници во охридско-струшкиот регион. Во Охрид има 4 хоспитализирани пациенти од кои двајца невакцинирани и 2 вакцинирани со две дози. Во Струга на болничко лекување три пати повеќе, хоспитализирани се 12 лица од кои 8 се на кислородна поддршка.

Најмладиот пациент кој се лекува во струшката болница има само 19 години.

Во последната недела откако почна хоспиталузација на пациенти имаме константно хоспитализации. Во однос на возраста станува збор за помлада популација затоа и апелот е да се вакцинираат граѓаните и да бидат подисциплинирани бидејки само на тој начин ќе се чуваме себеси и нашите најблиски – вели Арменд Арслани директор на болница Струга.

По најавата на нови мерки, зголемен е интересот за вакцинација особено кај младите во Охрид.  

Овие денови имаме поголема заинтересраност и воедно и поголема гужва. Гледаме гужвата да ја намалиме со тоа што треба да се почитува терминот за ревакцинација и ке немаме гужва. Ги одделивме пациентите на едно место прва доза на вакцина на друго ревакцина – вели Соња Мариноска-раководител на служба за здравствена заштита Охрид.

На вакциналните пунктови во охридската болница се чекаат редици и по еден час за вакцина.

Дојдовме да се вакцинираме конечно за сега го темпиравме времето така сакавме, така одлучивме – вели еден охриѓанец.

Сакавме со Фајзер да се вакцинираме и тоа ни беше – вели друг охриѓанец.

Сега стигна да се вакцинирам – вели едно момче.

Двата туристички центри во земјава изминатава сезона се преполни со туристи. Се организираа стотици свадби, концерти и забави со илјадници гости, ретко каде се почитуваа протоколите за заштита од вирусот. Имало и свадби на кои организаторите биле заразени со вирусот, но не ги откажаа веселбите.

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top