Се побројна белата флота на Охридското езеро

Ова лето на Охридското Езеро ќе крстарат уште два нови бродови. Со нив охридската бродка флота ќе брои вкупно 6 големи бродови за превоз на патници. Покрај големите бродови расте бројот и на кајчина, чамци, глисери и катамарани.

 |  Соња Рилковска  | 

Расте бројот на патнички бродови за превоз на туристи. Нови два големи бродови  за по  150 патници ова лето ќе крстарат по синото езеро.  Со нив Охрид,  вкупно ќе има шест големи модерни и стабилни бродови за превоз на патници.
И оваа сезона најатрактивни за туристите ќе бидат  ноќните и денските панорамски крстарења  до Канео и Свети Наум.
 „Тоа е добар показател дека туризмот се движи нанапред побарувачката на пазарот го прави своето. Во моментов два бродови се во каналот кои се во фаза на ремонт. Едниот е при крај а другиот повеќе од поливина ја заврши работата. Ги следиме будно вршиме надзор и Боиро Веритас го има пресудниот дел. Сметаме дека за туристичката сезона  туристичката понуда ќе биде зголемена за уште две патнички возила од добар квалитет“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.
Енормно е зголемен бројот на пловила во Охридското езеро. Покрај големите бродови расте бројот и на кајчина, чамци, глисери и катамарани.  Со тоа расте и потребата од зголемен инспекциски надзор но и  свеста на учесниците во водениот  сообраќај  за почитување на Законот за внатрешна пловидба.
 „Сами гледате каква е состојбата на кејот воопшто колку се нудат услугите на такси чамци. Настапи една нова генерацја на деца кои што стекнуваат искуство меѓутоа живеат малку поконфорнистички во смилса знаат дека контролите се задолителни и дека прегледите се најважни од се. Капетанија изминатиот период изгуби многу енергија не во можеби материјални средтсва туку во разбивање на табуата и тоа беше една од  најтешките задачи да допре до секој од нив и да им објансите дека евентуалниот несреќен случај е несреќен прво за себе, а  не за администрацијата, додава Устијаноски.
Се поголем е и броот на  луксузни  пловила, кои   го красат  Охридското езеро. Со глисери и луксузни  чамци вредни  илјадници евра  плови македонскиот џет сет, но и странците.
Во регистарот на охридската капетанија  запишани се вкупно  две илјади и двесте  пловила од нив  стотина се екстра луксузни глисери, најголемиот дел  се во сопственост на  македонци,  но  ги има и  на Срби, Холанѓани и Германци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top