Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос

 Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос.

 |  Валентина Неловска  | 
zid
zid

Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид  долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен.  Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата  Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира  дека утрово веднаш  испратиле работници за да го санираат ѕидот, но не дозволува врнежливото време.

ѕидОва не е првпат ѕидот да се одронува. Жителите зад објективот на камерата раскажаа дека  минаат година пријавиле одронување на камениот појас над црвката, а  надлежните општински служби не презеле досега ништо.

„ Уште во 2014 наши екипи беа на терен, но немаше знаци дека ѕидот за толку кратко време ќе попушти и ќе се урне. Во консултација со стручните служби причина за уривање на потпрониот ѕид е исклучиво снежното невреме и врнежливото време сега“, вели Танески.  

Од Фондот за комунален развој негираат дека во стариот дел од  градот има вакви слични проблеми или  критични точки каде што има попуштање на потпорни ѕидови.

ѕид„Критичните точки ги разгледавме лани во периодот септември -октомври, па освен оваа,  критични точки на  потпорен ѕид има и во Рача. Се изготвуваат програмски активности но секоја градежна активност ќе отпочне по стабилирање на временските услво на територија на општината“, напоменува Танески.

Силен одрон  на камениот ѕид пред 25 години го срушил северниот ѕид и кровот од црквичката. Обновувањето  на  Света Богородица – Панданос било дело на граѓани кои живееле над амфитеатарот.
Црквата датира од 16 век , а е изградена  на темели од стара средновековна црква. Во внатрешноста постои фрескоживопис само на олтарниот дел, а тоа е фреската на Прсевета Богородица, патронот на црквата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top