Се излеа колекторска цевка кај Рача

Се излеа колекторска цевка  кај  Рача.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓани до нашата редакција реагираа дека неколку денови во попладневните часови истекува вода од колекторскиот систем кај рекреативната патека кај Рача. Тие претпоставуваат дека се работи за фекалии од колекторската цевка која поминува на овој потег и завршуваат во речниот канал кај Рача а потоа се влеваат во трската во езерските води.

Покрај овој проблем граѓани укажуваат и на сличен проблем кај големиот канал пред дискотеката Парк. Кажуваат дека со месеци забележуваат како истекуваат фекалии во каналот и се шири непријатна миризба. Повторно во попладневните часови.

ТВМ Телевизија го контактираше Томе Паскалоски директорот на МЈП Проаква. Директорот рече дека за овие два проблеми слуша прв пат. Но, веднаш по нашата дојава екипите на Проаква го детектирале проблемот и работат на отстранување на причините. Паскалоски кажа дека кореновите системи од дрвата ja затнале колекторскaта цевка кој предизвикала истекување во двата канали. Напомена дека пред една година имале ист проблем на овој потег.

 

 Од Центарот за јавно здравје  од Охрид  смируваат дека последните мостри земени пред 10 -тина дена кај плажата Куба Либре и кај хотел Парк не покажуваат еколошко нарушување на квалитетот на езерската вода. Информираат дека во текот на денот ќе земат нови примероци од езерската вода на посочената точка за повторно да го испитаат квалитетот на водата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top