СДСМ:Скандалозна е одлуката паркинзите повторно да се дадат под концесија

Најголемите противници за издавање на паркинзите под концесија, сега истото им го предлагаат на градските избраници, реагира на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm za otcet
сдсм за отчет

Тие што со години наназад беа најголемите, најгласните и најревносните противници на издавањето на јавните паркинг простори во градот под закуп или концесија со Јавно приватно партнерство, сега тоа истото им го предлагаат на народните избраници во општинскиот совет, велат од ОО на СДСМ.  sdsmПортпаролот Александар Кузески кажа дека допрва охриѓани ќе бидат принудени да плаќаат огромни судски оштети поради со сила раскинатите и поништени договори за закуп и за концесија на паркинзите.

„Пред извесно време паркинзите, од сопственост на општината, со одлука на Советот повторно му беа вратени на ЈП, но со ветување дадено до сите граѓани на Охрид дека ЈП само ќе стопанисува со нив. Сега, без никаков срам и намус, пред целата охридска јавност, Локалната власт на ДПМНЕ предлага одлука паркинзите повторно да се дадат под концесија, со јавно приватно партнерство. Скандалозно. Ние навистина се прашуваме – која е логиката на сето тоа, или подобро речено – чии интереси се во прашање – која е вистинската причина и зошто граѓаните на Охрид беа излажани од страна на локалната власт на ДПМНЕ? Ја користиме оваа прилика да ги предупредиме градските власти ни случајно да не им падне на памет да ги избркаат од работа луѓето вработени како наплатувачи на паркинг“ – вели Кузески.

sdsmТокму  поради ваквиот неодговорен и ноншалантен пристап кон потребите на граѓаните кој се манифестира и на централно и на локално ниво ДПМНЕ на наредните избори заслужува да биде казнет, потенцира Кузески. Од СДСМ се уверени дека народот ќе знае како да се справи со заканите притисоците и заплашувањата.

„Многу интересни се обидите на активистите на ДПМНЕ за закани и заплашување на гласачите, дека наводно тие ќе знаат кој за кого ќе гласа, дека ќе можат да не видат, дека пенкалата биле со специјални камери, или дека сериските броеви на гласачките ливчиња биле бележани, митови и бабини деветини. Ги уверуваме и охрабруваме граѓаните дека не постои механизам за да се влијае на слободната волја на гласачите за кого да го дадат својот глас и никој жив нема начин да ги види што ќе направат позади параванот “ – изјави Кузески.

Секоја повреда или злоупотреба на избирачкото право, секоја повреда на слободата на определување на избирачите, секој поткуп и секоја повреда на тајноста на гласањето, се санкционираат со казна затвор од три до пет години, потсетуваат од СДСМ.   Вистинската волја на народот мора да дојде до израз на претстојните избори, додаваат од таму.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top