СДСМ: „Граѓаните сакаат отчет за сработеното, а не нереални планови за иднината“

Општинската организација на СДСМ со обвинувања до градоначалникот Бакрачески дека проектите на претходната локална ги прикажува како свои.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm za otcet
сдсм за отчет

Охридските социјал-демократи на прес конференција го обвинија градоначалникот Никола Бакрачески дека проектите кои ги прикажал во брошурата како дел од отчетот за досега сработеното, се всушност проекти на претходната локална власт. Од општинската организација на СДСМ велат дека граѓаните во неговиот отчет сакаат да слушнат што е конкретно сработено, а не какви се плановите за иднината.

Gogovska brosura„Еве господине Бакрачески, ние ќе Ве потсетиме што е тоа што го ветивте, а што навистина сте оствариле: Велите: „Затворен зелен пазар со шопинг-центар, улично осветлување со лед-технологија и затворен олимписки базен се покрупни проекти кои општината Охрид ќе ги започне оваа година“, но притоа не кажувате дека сето тоа планирате да го правите со јавно-приватно партнерство, односно на истиот начин како што тоа го планираше вашиот претходник, кој од вашата партија беше најмногу критикуван токму поради тоа. Со ова признавте дека Вашите планирани проекти  – и за пазарот, и за градското осветлување, и за базенот – се идентични со проектите на Петрески, кој не беше во можност да ги започне само поради опструкциите од централната власт. “-вели раководителот на центарот за комуникации на О.О на СДСМ, Христина Гоговска.

Според Гоговска, проектите кои локалната ги прикажала во брошурата како дел од отчетот на градоначалникот се само секојдневни работни задачи на локалната и јавните претпријатија.

sdsm za otcet„Стрелката на влезот од градот кај клучката и дислокацијата на макетата од охридската куќа – тоа за Вас претставува некаков проект? Се фалите со реновирање на опожарена зграда, со доделени хуманитарни пакети, со  разговори и помош на хендикепирани граѓани. Па тоа г-дине градоначалник наголемо се правеше и во минатото, но на никој не му паѓаше на памет да собира дневно-политички поени на сметка на вакви хумани гестови. Се фалите со расчистените улици и паркови, во стилот, цитирам „Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со генерално чистење и хортикултурно уредување (косење и метење), а екипите на одделението за сообраќај и улици при општината Охрид интервенираа и ги заменија прегорените светилки. Истовремено, интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување.’’ Па зарем ова е за да се напише во отчет за сработеното? Па ова е најнормална секојдневна тековна работа на јавните претпријатија.“-рече Гоговска.

Инаку од О.О на СДСМ рекоа дека и на наредните прес конференции ќе говорат за она што според нив претставуваат ветени, а неостварени проекти на локалната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top