Самостојна изложба “Неправилен ритам” на македонската уметница Билјана Билбилоска

На 21 септември во 20 ч. во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се отвори патувачка самостојна изложба “Неправилен ритам” на македонската уметница Билјана Билбилоска.

 |   | 

На 21 септември во 20 ч. во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се отвори патувачка самостојна изложба “Неправилен ритам” на македонската уметница Билјана Билбилоска.

На изложбата ќе се влегува поединечно или максимално во група од двајца, согласно мерките за заштита од Ковид.

На изложбата под наслов “Неправилен ритам” ќе бидат изложени слик направени во текот на 2019-2020 година. Ќе се изложат слики изработени во техника акрил на платно и на картон. Тематски, изложбата, преку боите води дијалог со музиката. Преку аналогијата на овие две нешта, ги сместува боите и звуците во една иста рамка и на иста фреквенција. Музиката е надоврзување на сликите, своевидна екстензија, дел од просторот, иако временски несместлива во три просторни димензии. Ритамот како ликовен елемент варира од праволиниски и правилен до непостојан и непредвидлив, дисперзиран конкавно, со тенденција да ги надмине физичките рамки на платното и да ја продолжи својата приказна надвор.

За изложбата, композиторот и режисер Глигор Кондовски вели: “Прелеани боиво синкопиран ритам. Слеани во легатиран хармоничен ритам кои така поврзани создаваат неправилна ритмичка целина. Ликовна конструкција на музички момент”.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Досега имала четири самостојни изложби, а групно се претставувала во Македонија, Србија, Турција, Романија, Франција и во САД. Се занимава со графички дизајн, илустрација и филм. Изложбата ќе биде отворена за посетители до крајот на следната недела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top