• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Голем интерес за Саем за вработување кој денес се одржа во Охрид. Невработени охриѓани, студенти и ученици си ја испробаа среќат барајќи вработување кај компаниите кои се преставија на саемот. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија и има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд.

 |  Јаковлева Лионела  | 
saem
саем

Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач.

Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.  саем

Се надеваме дека овој саем ќе им овозможи на компаниите да најдат доволно вработени кои што им требаат, а невработените кои бараат работа ќе најдат слободно место за да се вработат, рече Влатко Поповски, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македониј.

Раководителот на Агенцијата за вработување од Охрид, Јован Баткоски рече дека се очекуваа саемот за вработување покрај што ќе придонесе за намалување на невработеноста да придонесе и за намалување на одливот на млади умови од градов.

Тоа ни е и главната интенција. Младите на ваков начин да најдат вработување и да останат во својот град да живеат и да градат кариера, рече Баткоски.saem

Баткоски информираше дека во Охрид во моментов се евидентирани околу 3700 лица кои активно бараат работа и дека во последниот период не е забележан значителен пораст на невработените.
Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека општина Охрид е подготвена да ја помогне доедукацијата или доквалификацијата на сите оние потребни профили кои се дефицитарни на пазарот за труд во Охридскиот регион.

На оваа манифестација се претставија повеќе од 70 компании од Охрид, Струга, Кичево и Македонски Брод кои ја посдравија идејата.

Агенцијата за вработување планира и во иднина да организира вакви саеми инаку овој беше прв кој се одржа во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top