„Биди sвезда не фрлај петарди“

Под мотото „Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид ги отпочна едукативните предавања „Ризици од употреба на пиротехнички средства“.

 |   | 

Под мотото „Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид ги отпочна едукативните предавања „Ризици од употреба на пиротехнички средства“.

Во рамките на кампањата, полициски службеници од оделенијата за превенција во соработка со Црвениот крст, ги посетуваат основните училишта во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици.
„Од ваквите повреди нема заштита, опасност од изгореници на рацете и лицето, на очите и дишните патишта, опасност од експлозија, нагрденост на лицето, можни психички трауми, не ја расипувај забавата, слави со срце не со оружје“ , се дел од советите што им се упатуваат на најмладите.

Целта на кампањата е едукација и подигнување на јавната свест кај граѓаните посебно кај младата популација за опасностите од  нелегална употреба на петардите и друга пиротехника. Во рамките на кампањата ќе бидат нагласени начините на превенција како и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните.  Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца испукуваат петарди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top