Руски тв серии на Телевизија ТВМ

Хит руски серии од вечерва стартуваат на ТВМ. Хотел Русија, Кум, Бригада, Фитнес се само дел од познати наслови кои ги освоија љубителите на телевизискте серии. За  претстојните празнични денови Ве очекува избор на Божиќни филмови кои се секогаш добар избор за зимските вечери во кругот на семејството. 

 |   | 

Доколку ги поминувате зимските ноќи гледајќи серии, новите наслови кои стартуваат на ТВМ се идеален избор за вас.

Во време кога тв пазарот е презаситен со турски серии, а приказните и главните ликови се ако не исти тогаш многу слични, од Русија на ТВМ ни доаѓаат живописни телевизиски серии кои со право може да се наречат успешни. Од вечерва на ТВМ стартуваат две хит серии, Хотел Русија и КУМ.

Хотел Русија е крими драма од 12 епизоди . Младата хостеса Катја е вовлечена во интриги на мрачниот Кремљ. Што се` ќе жртвува Катја за да преживее гледајте секој работен ден во 17:30 часот,  по првиот дневник на ТВМ.

„Кум“ е современа руска драма инспирирана од вистинска личност. Др Алексеј Иљинин кој породил и спасил стотици жени од сите вери на Косово во воената 2000 година ќе се најде пред предизвик да породи жена која е во кома. Дали ќе победи хуманизмот или амбицијата на лекарскиот повик гледајте секој работен ден во 21 часот пред второто издание на Дневникот на ТВМ. Во оваа серија играат нашите актери Сашко Коцев, Тони Михајловски, Ѕвезда Ангеловска, Дејан Лилиќ, Ирена Ристиќ, Висар Вишка, Влатко Илиевски и други.

Уште многу други познати наслови како Тајните на младите благороднички, Јаничари, Бригада, Фитнес, Фамилијата, ќе можете да следите на ТВМ телевизија во текот на 2021 година. Руските серии од криминални и детективски, до комедија и драма со голема брзина ги придобиваат гледачите на ваквиот телевизики жанр и стануваат популарни хитови. Сите се доста разновидни, во секоја има нешто што го освојува гледачот.

А за претстојните празнични денови ТВМ телевизија се погрижи да ви ги разубави ноќите покрај малите екрани со најдобар можен филмски избор на Божиќни играни филмови. Романтични, весели, исполнети со топлина и празнична магија се секогаш добар избор за целото семејство.

Програмската редакција на Регионална ТелевизијА ТВМ ви најавува и богата филмска програма во текот на цел месец јануари со играни филмови од американска продукција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top