СРЕДБА, БАКРАЧЕСКИ БОКОВА И ROSSLER

На лично барање на градоначалникот на Охрид  Д-р Никола Бакрачески во Париз во седиштето на УНЕСКО, се остварија средбите кои се од витално значење за Охрид и Охридското Езеро.

 |   | 

На лично барање на градоначалникот на Охрид Д-р Никола Бакрачески во Париз во седиштето на УНЕСКО, се остварија средбите кои се од витално значење за Охрид и Охридското Езеро.

На првата средба градоначалникот и директорот на МЈП Проаква Томе Паскалоски, имаа воведна средба со Michteld Rossler- Директор на одделот за наследство и Директор на центарот за светско наследтво и нејзините соработници одговорни за западен Балкан.

На интро- средбата од страна на градоначалникот беше потенцирано од колкава важност за Охрид, Република Македонија, Западен Балкан, но и во светски рамки, е рехабилитацијата и надградбата на колекторскиот систем околу езерото.

Во текот на разговорот директорката Rossler беше детално запознаена со резултатите од студијата на ЏАЈКА и во делот на оштетувања на системот и во делот за рехабилитација и надградба на истиот. Претставниците од УНЕСКО активно се вклучија во делот на разгледување на сите аспекти за изнаоѓање на можности и механизми за изнаоѓање на оптимално решение на изложениот приоритет број еден на локалното охридско раководство.

Вториот централен состанок се одржа со Генералниот Директор на УНЕСКО- Ирина Бокова и нејзините најблиски соработници. Првиот човек на УНЕСКО приреди срдечен прием , на кој најискрено ја искажа нејзината восхитеност од Охрид и Охридското Езеро и нејзиното доживување на истото. Во знак на почит и внимание дел од разговорите беа водени на македонски и бугарски јазик. Нескриено Бокова ја изрази нејзината спремност и јасна определба за лично залагање и лобирање кај одредени моќни меѓународни финансиски институции пред се и Светска Банка, со цел решавање на едно значајно прашање за уште позначаен град.

На средбата беше договорено да средбите продолжат со претставници на УНЕСКО во месец февруари во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top