Реновирањето на патот преку Галичица продолжува по Илинден

Реконструкцијата на регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе продолжи после празникот Илинден.

 |   | 

Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум ја информираат јавноста дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега:

  • Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17 часот патниот правец ќе биде отворен за сообрајќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообрајќајна сигнализација.
  • Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообрајќај во девете насоки.

Јавната установа Национален парк Галичица ви ги честита претстојните празници и ви посакува пријатни моменти поминати во природа!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top