• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Ќе се гради локална патна мрежа во Охрид, Дебрца, Струга. Техничката документација е за некои готова, а за некои е во тек. Се очекува работите да отпочнат на терен.

 |  Валентина Неловска  | 

Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Преку Агенцијата за поддршка на земјоделие и рурален развој се одобрени да се изградат три патни правци.

„ Во општина Дебрца ќе се градат и поврзуваат населените места Арбиново и Лактиње во должина од 2,5 км,во општина Македонски брод ќе се поврзуваат две населни места во одлжина од 2 км. Со патна инфраструктура ќе се поврзуваат општините Дебрца и Струга, со селата Мороишта и Волино во должина од 3 км“, подвлекува Лозаноска.

Покрај инвестициските проекти , се планирани и иновативни проекти. Во неколку општини меѓу кои Вевчани, Дебрца, Дебар и Македонски Брод ќе бидат поставени и тач панели со софтверско решение за промоција на туристичките и природните вредности во споменатите општини.

„ Во однос на Швајцарската агенција заедно со Министерството за локална самоуправа со одобрени 2 проекти. Еден е инвестициски и е насочен кон развој на туризмот за уредување на 3 локации , меѓу кои се патеката до охридската Саат кула во должина 400 метри и осветлување, потоа патот Струга- Калишта во должина од 1500 метри. Во општина Дебрца ќе се уредува околината околу Слатинското езеро со пешачка патека, поставување летниковци и урбана опрема , паркинг простор за привлекување на туристи“, напоменува Лозаноска.

Техничката документација за дел од проектите е готова, за некои е во тек. Се очекува реализацијата на проектите работите да отпочнат на терен, информира директорот на центарот Мирјана Лозаноска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top