Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Југозападниот регион

Расте бројот на заболени со корона вирусот во Југозападниот регион во земјава. Во струшката болница за само една недела хоспитализирани се нови 20 пациенти од кои 17 се на кислородна поддршка. Во охридската болница има 13 хоспитализирани, а најмладиот има 25 години.

 |   | 

Само за една недела во струшката болница се хоспитализирани нови 20 пациенти со корона вирусот. 17 од нив се на кислородна поддршка, а најмладиот има 30 години.

Зголемен е и бројот на прегледи на сомнителни лица. Стотина пациенти дневно со симптоми се прегледуваат на Интерното одделение. Од менаџментот велат засега состојбата е стабилна, болницата има капацитети за справување со четвртиот бран кој зема замав.

Ние сме подготвени во однос на опрема кадар и капацитет. Располагаме со специјалисти интернисти имаме и инфектолог. Сестрите кои што веќе се обучени и подготвени имаме распоред и го менаџираме кадровскиот потенцијал за справување со оваа ситуација – вели Арменд Арслани директор на болница Струга.

Расте бројот и на домашни посети кај заболени со корона вирусот во струшко, но деновиве зголемен е и интересот за вакцинација.

Бројката расте и на позитивни случаи на заболени полесно и потешко. Се зголемува бројката на домашни посети со ковид позитивни пациенти. Добро е што вакцинирањео ни оди добро – вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.

Во модуларната болница во Охрид има 13 хоспитализирани лица, најмладиот пациент има 25 години.

Ќе имаме сигурно тренд на зголемување меѓутоа не очекувам да имаме голем атак прилив на пациенти во модуларната болница. Имаме доволно места сега сме доста поспремни научивме многу за оваа година и два месеци – вели Горан Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Во Охрид има 155 активни случаи на корона вирусот, во соседна Струга 133.

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top