Распоред на литургиите за Велигден во охридските цркви

Вечерва ќе се држи бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

 |  Голабовски Крсте  | 
crkva
црква

Вечерва ќе се држи бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

Утре 10.04.2015 – ВЕЛИКИ ПЕТОК
НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.
Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.

crkvaВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 ч.
Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.

11.04.2015 – ВЕЛИКА САБОТА
НАУТРО: Вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.30 часот.

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч.
Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Кли-мент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.
12.04.2015 НАУТРО: Втора литургија во црквате „Св. Богородица“ – Каменско, и „Св. Ѓорѓи“ со почеток во 8.00 часот.

12.04.2015 – ВЕЛИГДЕН
Вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие во црквата „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 17 часот.
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top