„ Распеано ѓерданче“ одржа концерт

На симболичен начин, со песна, дечињата од хорот „ Распеано ѓерданче“, на Охриѓани, им го честитаа големиот христијански празник Божиќ. Воедно, го промовираа и своето прво ЦД.

 |  Наташа Размоска  | 
raspeano gerdance
Распеано Герданче

raspeano gerdanceНа градскиот плоштад, хорчето „Распеано ѓерданче“ одржа концерт. Со него, дечињата, им ги честитаа божиќните празници на сите граѓани на Охрид. Еуфорична атмосфера и задоволство на лицата на насобраните граѓани, кои со внимание го проследија овој настан. Дечињата пак, насмеани, пееја за големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

Методија Баракоски, уметнички раководител на хорчето „Распеано ѓерданче“ вели дека ова е втор ваков концерт. Минатата година, концертот го одржавме на Божиќ, а оваа година одлучивме да го реализираме на Бадник, и со песна да им ги честитаме празниците на граѓаните. Оваа година ја започнуваме успешно, со промоција на нашето прво ЦД, вели Баракоски. Мојата мотивираност произлегува од моите девојчиња, тие се душата на хорот и заедно успеавме да го издадеме нашето прво ЦД, додава тој.

Ова е еден од најголемите христијански празници, вели Баракоски. И токму поради тоа, сметам, дека овој концерт е најубавиот начин да им ги честитаме празниците на нашите сограѓани. Баракоски се надева дека денешниот настан ќе премине во традиција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top