• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

 Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област”.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ptoekt
проект

Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид и Струга од Македонска страна и Корча, Поградец и Бибер, од Албанска страна.proekt

Генералната цел на проектот е да создаде мрежа од граѓански организации од областа на културата, локални институции, формални и неформални групи на уметници базирани во овие општини и индивидуални уметници кои би сакале да работат со ранливи групи, истакна Билаловиќ на денешната прес-конференција.

Со овој проект ќе им се помага на младите луѓе кои биле вклучени во криминал, насилство, или живеат во некој тип на изолација, зависност, страдаат од родова нееднаквост или се соочуваат со некој вид конфликти. Со нив ќе работат културните организации, уметниците, студентите и психосоцијалните експерти од Македонија и Албанија кои од шведски експерти ќе се обучени директно да го применат своето знаење во локалните активности со ранливите групи.

Во моментов сме во комуникација со различни социјални установи кои работат со ранливи групи и го мапираме теренот, односно правиме еден вид проценка на потребите на ранливите групи во Охрид и Струга. Ќе се организираат посети на размена помеѓу уметниците од Македонија и Албанија. Уметници од Албанија ќе доаѓаат овде и ќе ги посетуваат пилот активностите во Македонија, и обратно. Исто така, во проектот ќе биде промовиран и веб-сајт на проектот преку којшто ќе се разменуваат информации, појасни Билаловиќ.

Инаку, зa македонските партнери од буџетот на проектот се издвоени 58.360 евра. Осумдесет и пет проценти од финансиските средства се обезбедени од Европската Унија , а останатите 15 проценти ги покрива Владата на Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top