Ран музички развој кај децата

Музиката и ритамот влијаат позитивно и врз мозочниот развој на детето. Одамна е докажано дека колку е порано со децата  почне да се работи на формирање на музички вкусови и способности, толку по импресивен на крајот ќе биде резултатот.

 |   | 

Првите години од животот на секое дете се еден од најважните периоди во однос на почетокот на неговите музички способности. Музичките часови во „Музичкото катче“ во Охрид се фокусирани и кон основните аспекти на индивидуалниот развој на децата. Физиолошкиот развој ќе се поттикнува преку разните ритмички (марширање, точно и артикулирано движење на различни музички метри и бројни други ритмички игри) и мелодиски вежби (пеење), додека вежбите како: слушање, препознавање на сличности и разлики, соодветно движење на разни музички образци, препознавање на тоника, препознавање на различни музички инструменти и други, ќе ги активираат мисловните процеси и ќе бидат силен поттик за побрз ментален развој и постигнување на повисок степен на интелигенција кај децата, вели M-р. Снежана Караџовска – Попова – Методика по музичка настава.

„А за композиторите има многу интересни приказни кои ние понатаму ги драматизираме и те деца кои завршија знаат веќе кој е Моцарт, кој е Бетовен, каква музика пишувал и полека полека ги воведувам во музичката литература, значи знаат да препознаат дека некое дело е на Моцарт, како во случајов што беше Twinkle, twinkle Little star““ вели M-р. Снежана Караџовска – Попова – Методика по музичка настава.

Музичко Катче – Music Corner е музичка програма за ран музички развој. Создадена е според нормите на светските музички програми за ран музички развој и ги опфаќа методите на најпознатите музички педагози Карл Орф, Золтан Кодај и Жак Далкроз. Одамна е докажано дека колку е порано со децата почне да се работи на формирање на музички вкусови и способности, толку по импресивен на крајот ќе биде резултатот, така да музичкиот потенцијал како вродена особина кај секоја личност е различен. Начинот на испитувањето на музичките способности е важно прашање во музичката педагогија. Уште во најраната детска возраст потребно е тој потенцијал да се согледа и открие.

„Не постои не музикално дете од причин што работам во средно музичко училиште и се запишуваат деца кои на прв поглед не можат да испеат ни еден тон, во прва година. До крајот на четврта година сме имале деца кои без проблем пеат. Ако може тоа да се исправи на 15 години зошто не кога ќе почне самото детенце да пропејува на двегодишна возраст“ објаснува M-р. Снежана Караџовска – Попова – Методика по музичка настава.

Снежана Караџовска-Попова е Магистер по Методика на музичка настава со акцент на пред училишната настава. Своите истражувања во областа на раниот музички развој ги реализира во многу градинки во Скопје и се стекнува со богато искуство за предучилишниот развој на музичкиот потенцијал кај децата. Исто така Попова ја води кон познатата музичка програма запредучилишна возраст Kindermusik, кадешто станува нивни лиценциран едукатор и ја води програмата во Охридод 2015-2017 година.Покрај овие активности, дечињата во Музичкото катче учат за бон-тон при посета на концерти , претстави, драми приредби, учат како да ја подобрат самодовербата при настап пред публика, им се подобрува расположението и се ослободуваат од стресот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top