Ќе биде ли Путин кум на „Водици 2013“ ?

Богојавление за кум на најголемата верска манифестација во земјава го посакува претседателот на Русија, Владимир Путин.

 |  Маленкова Татјана  | 
vodici Ohrid
водици Охрид

Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год.  Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател.

„Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот Богојавление на 19-ти јануари 2012 да бидете со нас и со почитувачите на Бога од целиот Балкан. Покрај величината на празникот Водици, ќе биде уште поголем празник ако и Вие тој ден бидете меѓу нас“, се вели во дел од поканата.

„Се одлучивме да напрајме една спектакуларна работа и решивме да го поканиме гос. Путин да биди кум на LJupco ArnaudovВодици односно да присуствува на оваа голема манифестација, бидејќи знаеме дека Охрид го дава својот максимим за одбележување на Водици и е проглесан за центар во околуната каде се одржува оваа манифестација. Од Руската амбасада ни посочија дека писмото треба да се испрати до нив, па тие да го испратат до Путин , бидејќи никој друг до претседателот не може да испрати такво писмо и ни рекоа дека за една недела ќе ни закажат во амбасадата каде ние ќе ги изложиме нашите барања и доколку одлучи да дојде тука ние ќе го пречекаме како што знаеме и умееме“, вели претседателот на Богојавление, Љупчо Арнаудов.

Делегација на Богојавление за една недела ќе оствари средба со Рускиот амбасадор во Земјава, кога и официјално со дрвен крст осветено масло од Ерусалим и други одбележја од „Богојавление“, ќе го поканат да гостува во Охрид за манифестацијата која на 19 јануари го собира балканот во Охрид.

Раководството на Богојавление има и друга солуција доколку Путин неможе или не ја прифати поканата.  Во тој случај во месец декември ќе се отвори повик на кој ќе можат да се пријават заинтересирани потенцијални кумови, од кои пак еден ќе се избери со ждрепка, постапка која се направи пред четири години.
Но во се секој случај добро е да не направи се првиот човек на Русија да дојди во Охрид, затоа што токму ваков начин на промовирање и треба на Македонија.

„Целиот свет мислам дека ќе биди насочен кон Охрид. Сите ќе научат каде е тоа место… каде е Охрид. И ние vodici Ohridсакаме барем три дена во годината да направиме зимски туризам во Охрид“, додава претседателот на „Богојавление“.

Арнаудов откри и до каде се подготовките за поставување на споменик кој ќе го донира актуелниот кум Ванчо Чифлиганец.  

„Споменикот ќе се постави на кејот на самото градско пристаниште. Морам да кажам дека ја пролонгиравме апликацијата за споменикот бидејќи имаше само двајца пријавени, па за 40 дена е продолжен рокот, за да може заинтересираните да подигнат апликации.  Се надевам дека камен темелникот ќе го фрлиме за 19 јануари„, вели Арнаудов.

Само за потсетување најголемата верска манифестација Водици се одржува во Охрид на 19 јнуари, кога со фрлање на крстот се осветува водата во езерото, а ден после тоа на 20 јануари е  Денот на Рибарите кога на Сараиште се фрлаат буриња со Вино. Од година во година Водици станува се помасовна манифестација.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top