Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема

Заштитни одела, чизми и наочари доби противпожарната единица од Охрид. Со оваа донација од противпожарната од  Лејден -Холандија во голема мера ќе се зголеми безбедноста на пожарникарите при гаснење на пожар.

 |  Јаковлева Лионела  | 
oprema
опрема

Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема. Преку донација од противпожарната од  Лејден -Холандија пожарникарите добија заштитни одела, чизми и наочари со кои ќе се зголеми нивната безбедност при гаснење на пожари.донација

Ваква опрема не ќе можевме уште многу години да набавиме, тоа не ќе можеше да го стори ниту Локалната бидејќи е многу слкапа. Едно одело чини 1500 евра. Оваа опрема е користена, но е од 2009, 2010 и 2011год., а онаa која ја имаме ние е стара 20год. А сепак со неа пожарникарите одеа на интервенции. Затоа оваа донација за нас многу значи, вели Спасе Прентоски, командирот на ПЕ Охрид.

Градоначалникот Никола Бакрачески изрази голема благодарност за оваа донација и рече дека се надева оти ова ќе биде само почеток на соработката помеѓу противпожарнитер единици на Охрид и Лејден.опрема
Градот Охрид односно граѓаните се стекнаа со драгоцена помош, а посебно противпожарната единица од Охрид затоа сакам да изразам огромна благодарност кон овие хумани луѓе, рече Бакрачески.

Командирот на ПЕ од Лејден, Том Кот рече дека се започнало од една случајна средба минатата година кога биле дојдени во Охрид при што ја посетиле и пожарната. Тогаш виделе дека опремата на нивните колеги е застарена и им ветиле дека ќе им помогнат.

Во нашата земја пожарникарските чевли и одела ги менуваме на секои пет години. Имавме многу опрема која беше користена и ставена во магацини, а која  сеуште може да се употребува. Затоа решивме да ја донираме на ПЕ од Охрид, вели командирот на ПЕ од Лејден.

Дел од опремата охридските пожарникари им ја подарија на своите колеги во Струга бидејќи и таму состојбата со заштитни одела и специјални обувки не е розова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top