Протест против изградба на регионална депонија во Годивје

Координативното тело на општина Дебрца, формирано со цел да се спречи изградбата на регионална депонија во с. Годивје, утре на прес конференција ќе соопшти детали за најавениот протест закажан за во недела.

 |   | 

„Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје“- информираат организаторите.

На прес конференцијат ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан, член на Координативното тело.

Големиот протест против изградба на регионална депонија во селото Годивје ќе се одржи во недела ( 22.04.2018) во атарот на селото Ботун.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top