Пропусници за такси возилата

Јавното претпријатие Билјанини Извори ги известува сите таксисти и такси компании кои имаат решение за вршење на превоз на патници дека од понеделник 30 јули ќе започнеме со издавање на специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град.

 |   | 

Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) од 8 – 15 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола.

Специјалната дозвола – магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top