• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Промовиран коктелот „Еден бисер“ кој засега ќе се служи само во неколку угостителски објекти

Промовиран коктелот „Еден бисер“ кој засега ќе се служи само во неколку угостителски објекти

Промовиран коктелот „Еден бисер“ кој засега ќе се служи само во неколку угостителски  објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
коктел

Промовиран коктелот Еден Бисер кој ќе биде автентичен туристички производ  на охридско струшката ривиера. Коктелот беше презентиран од Македонската асоцијација на бартендери. Неговата подготовка ја појасни барменот Филип Арнаудов, а го подготвуваше неговиот колега од асоцијацијата на бартендери Дарко Ангелески. Основата на коктелот „Еден Бисер“ е вотка, појасна при тоа Арнаудов.

коктел„Овој пат водката е со вкус на ванила, па следува сируп од тропското овошје маракуја. Тоа е овошје кое се става во алкохолни и безалкохолни пијалоци, а го дава вкусот со кој се добива чувство дека сте блиску до езеро или плажа“, напоменува Арнаудов.

Коктелот Еден бисер ќе биде послужуван само во угостителските објекти кои се членки на кластерот за туризам Еден. Објектите кои ќе го послужуваат коктелот ќе добијат бесплатни лажици со оргинален охридски бисер и сертификат за неговата оргиналност, напоменува Ерхан Сулејманов од лаунч  бар Објектив, еден  од членките на кластерот.   Објектите исто така ќе добијат и етикети кои ќе ги означуваат угостителските објекти каде што ќе се приготвува автентичниот коктел. Сулејманов додава  дека тенденција на кластерот за туризам  е што повеќе објекти да го нудат на своите мениа овој пијалок.

коктел„ Наша цел е понатаму коктелот да биде послужуван во сите угостителски објекти во охридско – струшкиот регион и пошироко. Кластер Еден го опфаќа целиот југозападен регион. Во почетниот период ќе се служи само во кластерот, а во иднина како ќе се стануваат објектите  членки на кластерот,  па ќе може да го добива правото да го служи коктелот,“ ги појаснува идните планови Сулејманов.

Угостителските објекти ќе склучуваат договор со кластерот, со кој пијалокот ќе се послужува по цена од 240 денари.Засега коктелот „Еден бисер“  се приготвува во 7 угостителски објекти во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top