Професионални обуки за баристи и бармени за невработените

Туристичкиот кластер ЕДЕН на младите невработени лица им нуди можност за професионална обука за баристи и бармени. Нивниот јавен повик е дел од  проектот за унапредување и подигнување на квалитетот на услугите во угостителството, а финансиски поддржан од германската организација Гиз Ред како и УНИДО фондацијата на УНЕСКО.

 |  Мишел Наумоски  | 
barmen
бармен

barmenМладите невработени лица од Охрид имаат можност за професионална обука за баристи и бармени. Туристичкиот кластер ЕДЕН од Охрид објави јавен повик за таа цел, а во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителството.

 Кандидатите, наредната сабота, на 16 Август 2014та година со себе треба да понесат лична карта, картон од Агенцијата за вработување, копија од диплома за завршено образование како и копии за дополнителни курсеви доколку ги имаат и да се појават на јавниот повик, во големата сала на вториот кат од Агенцијата за вработување во Охрид, со почеток од 13 часот.

baristaКритериум за избор на кандидатите е да бидат државјани на Република Македонија, да бидат евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување во подрачните единици во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Македонски брод со навршени најмалку 18 години, познавање на најмалку еден јазик, интерактивни вештини и способност за работа во тим. Предност имаат лицата кои имаат завршено минимум средно угостителско образование.

Инаку според проектот, 30 невработени лица ќе можат да ги поминат обуките и да се стекнат со меѓународен сертификат за професиите бариста, односно подготовка на кафе и бармен за подготовка на коктели. Заинтересираните можат да се пријават и за двете обуки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top