Започна професионалниот турнир во одбојка на песок

Охрид домаќин на седмото по ред Отворено првенство во одбојка на песок Охрид 2013.

 |  Маленкова Татјана  | 
turnir Odbojka Ohrid
турнир одбјка Охрид

Рекреативните и јуниорските натпревари na oтвореното првенство во одбојка на песок Охрид 2013 кои започнаа вчера беа само увертира на професионалниот турнир кој ќе се оджува од денеска до недела, на плажата Бафало во Охрид.
На турнирот пријавени се 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. На бафало  на традиционалниот турнир во одбојка на песок,  денеска присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески.  Тој потенцираше дека оваа манифестација  е еден дел од програмските активности  на кои локалната ќе  даде силна поддршка.

„Преку мотивирање на натпреварувачки дух сакаме да ги анимираме и потикнеме младите генерации во turnir Odbojka OhridОхрид на спорт, дружење и натпреварување со македонските репрезентативци во одбојка и професионални играчи на одбојка и на тој начин заедно со организаторите од идната година па натака да организираме еден помасовен меѓународен турнир налик на овој, меѓутоа со помасовно присуство и повеќе учесници не само од соседните земји туку и од други европски држави и тоа во иднина да добие епитет на голем меѓународен турнир“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Градоначалникот потенцираше дека спортските и културните настани заземаат значајно место во програмата на локалната самоуправа. Првиот човек на Охрид додаде дека се прави се овие настани да бидат од највисок ранг затоа што се дел од  нашата туристичка понуда. Покрај на овај голем и меѓународен турнир во одбојка на песок, Бакречески потенцираше дека интензивно се разговара за подготовките за  најзначајната манифестација за нас која се одвива во текот на туристичката сезона во делот на спортот –  охридскиот пливачки маратон, за што локалната годинава како што кажа ќе и даде силна подршка.

turnir Odbojka Ohrid„Во изминатите денови имавме интензивна координација со кабинетот на претседателот на Р Македонија и пливачката федерација на Македонија, за тоа како во иднина да дадеме заеднички допринос за Охридскиот пливачки маратон го добие местото што го имаше во изминатите години и популарноста што претходно ја имаше. Јас како градоначалник но и слтручните служби сметаат дека покрај фестивалот охридско лето, охридскиот пливачки маратон е манифестација која треба и понатака да се гаи, развива и омасовува“, истакна Бакрачески.

Инаку Охрид годинава беше домаќин на балканско првенство во џудо за кадети, а следува балканијада за  кадети до 17 години во кошарка.  Во тек е спортско лето  кое се организира со спортско рекреативниот центар Билјанини извори. Претходно имавме турнир во фудбал  во организација на фурбалската федерација на Македонија заедно со локалната самоуправа. Во септеври ни претстои спортската академија.

„Се на се во делот на спортот  ни престојат голем број на спортски настани, а и од она што досега го организиравме во текот на летото нескромно е ако кажам дека не сум задоволен од тоа како течеа и подготовките и органзацијата на тие настани“, категоричен е првиот човек на Охрид, градоначалникот Бакрачески.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top