• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”

Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно.

 |   | 

Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно.

Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема.

Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведуван од Општина Вевчани.

Вредноста на проектот е 2 милиони и 450 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „ТАНЕ 2007 “ од Охрид која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Вевчани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top