Претставата „Сопружници“ и во март на репертоарот на Народниот Театар од Охрид

Претставата “Сопружници” во режија на Драгана Таневска поради зголемениот интерес повторно на РЕПЕРТОАРОТ во месец март ќе биде изведена во ПЕТОК (05.03.2021) и САБОТА (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари.

 |   | 

Претставата “Сопружници” во режија на Драгана Таневска поради зголемениот интерес повторно на РЕПЕРТОАРОТ во месец март ќе биде изведена во ПЕТОК (05.03.2021) и САБОТА (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.

Играат:Гејб – Ивица ЦоневЏуди – Елизабета СтефановскаЏек – Никола ТодороскиСали – Адријана Билаловиќ ТодороскаМајкл – Филип КипровскиСценограф – Борис Далчев, Ванчо ВасилевКостимограф – Ванчо ВасилевИнспициент – Филип Ангеличин – ЖураСветло – Борис ВелјаноскиТон – Митко СерафимоскиИзбор на музика – Драгана ТаневскаДизајн на плакат – Борис Далчев.

Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (02.03.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top