Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање. На божествените литургии што се одржуваат во црквите доаѓаат голем број верници кои се причестуваат. Во храмот Св. Никола во Долна Влашка маала  меѓу возрасните света причест примија и голем број дечиња.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња.

Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм за ТВМ изјави дека пакетчињата се донација од охридски верник, жител на оваа маала кој по трет пат донира 200 новогодишни пакетчиња за најмалите верници.

 

Целта со овој гест е овој ден да им остане во убаво сеќавање од детството и од посетата на црквата на Божик. Нескриена беше радоста и задоволството на лицата на дечињата кои присуствуваа на овој чин и си добија подарок.

Денес е втор ден Божиќ, ден кога христијанската Црква и оддава слава на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос. Празнувањето се нарекува нејзин собор затоа што на овој ден се собираат сите верници за да ја прослават Пресветата Богородица. Празнувањето е во духот на носителката на Господ на овој свет, која уште се нарекува и Дева Марија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top