• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.

 |   | 

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.

Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконата тие се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.

Петровден се одбележува секоја година на 12-ти јули. Се смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top