Православните христијани денес го чествуваат празникот Митровден

Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченик Св. Димитрија.

 |  Валентина Неловска  | 
Mitrovden
Митровден

Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченик Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни  од ваквиот начин на прославување на Митровден. Граѓаните се задоволни од начинот на одбележување на овој верски празник, велат, ова е продолжување на една вековна традиција.

RucekОд Црковниот одбор Св. Димитрија по петти пат го одбележуваат црковниот празник. Организираат свечен ручек пропратен со богат музички и сценски настап на музичари. Годинава покрај голем број КУД меѓу кои беа и најмладите играорци на КУД Ѓердан, беа присутни и македонските музичари Кате и Нели ти реков, и Силви бенд. Никола Велјаноски претседател на организациониот одбор најавува за скоро време подигање на црковен храм св Димитрија на ова место.

Велјаноски вели „Имаме маркица за градење, а и потврда од сопственикот Свето Јанески кој го дал местото на црквата Св. Димитрија“.

Оваа најава на  црковниот одбор ја негираат од сектрот за урбанизам и просторно планирање. Началникот Бранко Аранудов тврди дека тука нема маркица за градење на верски објект. За плоштадот важел стариот урбанистички план од 2000-та година, за кој нема измени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top