Пожарот кој викендов беснееше во близина на селото Вапила е локализиран

Во гаснењето освен противпожарната служба и авиони, вклучени биле и работници на Македонски шуми. Предизвикана е голема штета на борова и дабова шума, на површина од околу педестина хектари.

 |   | 

Пожарот кој викендов ја зафати шумата во атарите на селата Вапила и Сирула, Охридско е локализиран, велат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Голема површина од дабовата и боровата шума во овој реон е опожарена, односно станува збор за 20 хектари шума од атарот на село Вапила и околу триесеттина хектари од атарот на село Опеница.

Утрово охридските пожарникари направиле повторно увид на опожарената површина, каде е констатирано само догорување на суви гранки без можност за дополнително ширење на пожарот. Проблем на пожарникарите и екипите на македонски шуми кои викендов се бореа со огнената стихија претставувал ветрот кој дувал од променлив правец, поради што истиот се проширил и на недостапните шумски делови, па оттука се појавила и потребата за активирање напротивпожарната авијација да се вклучи во гаснењето на огнот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top