Повтoрно ќе блeснe сјајот на хотел Палас

Повторно ќе блесне сјајот на хотел Палас. Вака  одлучија акционерите  на денешното годишно собрание. По шпекулациите во одредени медиуми дека хотел Палас ќе почне со работа на 1ви јули оваа година, ТелевизијА ТВМ ви ја пренесува точната информација за реконструкцијата и отпочнувањето со работа на овој хотелски бисер. Со реконструкцијата ќе се започне по завршувањето на оваа туристичка сезона, а првите гости  во хотелот со 5 ѕвезди се очекуваат наредната пролет

 |  Валентина Неловска  | 
palas

palas

Повторно ќе блесне сјајот на хотел Палас. Вака  одлучија акционерите  на денешното годишно собрание. По шпекулациите во одредени медиуми дека хотел Палас ќе почне со работа на 1ви јули оваа година, ТелевизијА ТВМ ви ја пренесува точната информација за реконструкцијата и отпочнувањето со работа на овој хотелски бисер. Со реконструкцијата ќе се започне по завршувањето на оваа туристичка сезона, а првите гости  во хотелот со 5 ѕвезди се очекуваат наредната пролет.  Одлука з а реконструкција на хотелот донесоа акционерите на  годишното собрание, истакнa извршниот директор на АД Охридтурист, Рахман Џемал. Со тоа  хотелот ќе биде ставен во функција на развој на туризмот во градот , но и за отврање на нови работни места.Градежните работи ќе започнат за неколку месеци, вели извршниот директор.

„ Веруваме дека ако се оди по планираното по завршување на туристичката сеозна, градби во централното градско подрачеј не се дозволени во лето,  па ќе отпочнат со изведување градежните работи. Планирано е до идната туристичка сезона да ги пречека првите гости“, истакна Рахман.

Реновирањето на хотелот кој ќе биде од  елитна  категорија со 5 ѕвезди ќе се реновира со сопствени средства на АД „Охридтурист“ во висина од 8 милиони евра. Работите ќе ги изведува меѓународна фирма по принципот клуч на рака, кажува Рахман.

„ Капацитетот е постоечки со 132 соби , но ќе има  нови содржини, модерен спа центар, затворен базен и целосно внатрешно реновирање. Хотелот е заштитен како културно историско споменик и од надвор ќе бидат запазени законските процедури од областа на заштитата, а внатре ќе биде целосно реновиран и реконструиран, напоменува Рахман.

 

 

Хотел Палас кој некогаш беше бренд за Охрид и за поранешната југослвенска држава ќе биде наменет и за елитни гости бидејќи ваков капаците недостасува на охридскот крајбрежје.  Во градскиот хотел кој се наоѓа во самиот центар на градот и на самиот езерски  брег планирамо е  да се  отворат над 100 нови вработувања.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top