Порталот Ohridnews издаде ревија со хронолошки настани кои ја одбележаа 2014

Порталот Ohridnews издаде ревија со хронолошки настани кои ја одбележаа 2014.

 |  Валентина Неловска  | 

 Од печат излезе Ревија со хронолошки настани објавени  на порталот Ohridnews  во 2014 година. Ова е прво вакво издание кое читателите  ќе може да го набават  безплатно.  Целта ни беше да направиме една хронологија на настани кои ги обработи редакцискиот тим  минатата година , информира Главниот и одговорен уредник на порталот Горан Момироски.  

revija

„ Се разбира ги издвоивме позначајните настани од општетсвеното, културно- забавно живеење и спортот. Ги посочивме позитивните приказни. Затоа што во 2014 година како и во секоја година се случуваат и убави и помалку   убави настани, но решивме да сме позитивни ги издвоивме сите настани кои сметаме дека беа позначајни и ја одбележаа годината која измина. Направивме избор во неколку области на најуспешните приказни“, напомена Момироски.

Минатата година  порталот  Ohridnews објавил  над 10.000 информации. Од обемниот број на вести   направивме селекција  на значајни  настани кои оставија впеачаток кај читателите, вели Момироски.

ohridnews„ Се  работи во тек на цела година но најмногу во декември – јануари за да стигнат до селекцијата од       6 -10 настани во месецот, поединечно како и на спортски план настаникои се случуваат во 2014 по месец“, вели главниот и одговорен уредник на  Ohridnews.

Целта на уредникот е Ревијата да стане  традиционална каде што хронолошки ќе  се објавуваат настани карактеристични за секоја измината година. Ревијата има  68 страници и ќе може да се набави на продажните места во поголемите маркети.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top