Помош за управување со води околу Охридското Езеро од Јапонски експерти

Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА) предводен од Акира Такечи. 

 |   | 

Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА) предводен од Акира Такечи.

На средбата се разговарало за реализација на планираниот проект „Собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Македонија” за што беше понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област.

Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е и меѓународно признато, реализацијата на овој проект е оценета како исклучитечно значајна.

Имено, проектот значи ажурирање и надградување на податоците што се содржани во „Физибилити студијата за подобрување на работата на колекторскиот систем на Охриското Езеро“ изработена во 2015 година согласно новонастанатите промени на терен.

Како што нагласи министерот Нуредини, следна фаза би била изнаоѓање решенија за финансирање на колекторскиот систем и обезедување на негова непречена работа, со што ќе се обезбеди максимална заштита на езерските води, а со тоа и зачувување на природните вредности и здравјето на луѓето и живиот свет околу и во езерото. Проектот претставува директно остварување на националните таргети, но и реализација на препораките на Комисијата на УНЕСКО.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top