Почина жената која синоќа беше повредена во сообраќајка на улицата „Сирма Војвода“

Вчера во 18 часот и 30 минути, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од  19 годишен скопјанец удрило во пешак (58 годишна) М.Т.од Охрид.

 |   | 

Вчера во 18 часот и 30 минути, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од  19 годишен скопјанец удрило во пешак (58 годишна) М.Т.од Охрид.  Жената била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
Ова е прва сообраќајна несреќа во Охрид со жртва  за време на летната сезона кога е зголемена фрекфенцијата на возила.
Во текот на јуни и јули  во Охрид, регистрирани се вкупно 66 сообраќајни незгоди ( во јуни 30,а во јули 36) во кои, 41 лице се здобиле со лесни телесни повреди а 15 со тешки телесни повреди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top