Почести патролни контроли на Буково за да се спречи опожарување

Депонијата Буково постојано се опожарува и испушта чад кој стигнува и до Охрид. Од локалната велат дека пожарите се предизвикани од високите температури и несовесното однесување на поединци поради што потребни се контроли за пронаоѓање на лицата кои неовластено се движат и престојуваат на тој потег. Во врска со горењето на депонијата денеска се огласи и Државниот инспекторат за животна средина од каде информираа за досегашните изречени решенија и глоби и дека доколку не се почитуваат законските одредби и во иднина ќе следеле санкции и мерки.

 |   | 

Постојано се следи функционирањето на депонијата „Буково“ каде што деновиве повторно беа регистрирани неколку помали пожари. Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кое има надлежност за управување со депонијата постојано врши контрола на тековното одржување на истата, велат од општина Охрид. Додаваат дека пожарите се предизвикани од високите температури и несовесното однесување на поединци.

Веќе се поднесени соодветни пријави до надлежните безбедносни служби, во врска со последните пожари, со цел да се вршат почести контроли на локацијата за депонирање и потегот во близина на истата. Очекуваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани – велат од локалната.

Според директорот на Охридски комуналец се додека не се реши проблемот со лицата кои неовластено престојуваат на депонијата кои обавуваат некаква дејност како собирање пластика и железо опожарувањето ќе се повторува.

Додека останатите институции не ја завршат својата работа да нема лица кои таму неовластено престојуваат, бидејќи ние скоро секој ден го пријавуваме нивното присуство на депонијата и предизвикуваат општа опасност. Затоа што тие палат таму огнови и без разлика што ЈП Комуналец презема активности, на терен депонијата ќе биде целосно изгасната и покриена со земја. Ние имаме чуварска служба, но немаме ингеренции да примениме било што за тие лица да не бидат таму и да не ги предизвикуваат овие проблеми. СВР постапува, ги отстранува лицата меѓутоа треба почесто патролирање – изјави директорот на ЈП Охридски Коминалец, Љупчо Грданоски.

Претходно со соопштение реагираше ОК на ВМРО ДПМНЕ од каде обвинија дека три месеци во градот и околните села се чувствува неподнослива миризба и чад од депонијата, а градоначалникот не презел ништо. „Зошто Георгиески не ги спроведува препораките на УНЕСКО со кои депонијата требаше да биде затворена до крајот на 2020 година?“- прашаа од ОК ВМРО ДПМНЕ.

На тоа обвинување од локалната потсетија дека исполнувањето на препораката на УНЕСКО за затворање на депонијата Буково зависи од одредување на локација и отворање на регионална депонија за Југозападниот регион, а обврските за тоа се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во врска со горењето на депонијата со информација се огласи и Државниот инспекторат за животна средина. На нестандардната депонија со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец во два наврати извршиле надзори издале решенија и наредби за гаснење на опожарените делови и покривање со земја, но изрекле и глоби за јавното претпријате за сторен прекршок согласно Законот за управување со отпад. Последното Решение со кое се НАРЕДУВА на ЈП Охридски Комуналец да се изгасне опожарениот дел на депонијата е од 13ти јули. Од инспекторатот посочија дека доколку не се почитуваат законските одредби и во иднина ќе следеле законски санкции и мерки.

На 17ти јули жители на селата во близина на планинскиот превој Буково протестираа со блокирање на пристапот на камионите и механизација на депонијата и бараа нејзино затворање.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top