Питачењето е сериозен проблем во туристички Охрид и Струга

Питачењето  за време на летната сезона е сериозен проблем во туристички  Охрид и Струга.  Најголем дел од лицата кои питачат се малолетници од Битола, Скопје и источна македонија. СВР Охрид  спроведува акциски контроли не само во централното градско подрачје туку и во периферните делови на двата крајезерски града со цел да се превенира оваа појава.

 |  Соња Рилковска  | 

Во лето расте бројот на питачи  по улиците. Питачењето  е сериозен проблем во туристички  Охрид и Струга. Најчесто на улица се сретнуваат деца  од ромска националност на возраст од  7 до 14 години.  Голи, боси и изгладнети  просат пари  од минувачите.  
Од граѓанските здруженија велат дека станува збор за организирано питачење.  Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните. Полицијата  и ова лето  реализира повеќе  акции за отстранување на питачите од улица во двата градови.
– „Тоа секако дека претставува една грда слика за туристичките центри Охрид и Струга. Во оваа насока СВР Охрид има акциски контроли не само во централното градско подрачје туку и во останатите делови периферните делови на Охрид и Струга, а целта е да се превенира оваа појава. Ние согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир преземаме мерки. Полициските службеници преземаат мерки по лично согледување но и по дојава од граѓани“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Најчесто лицата што просат на брегот на Охридското езеро  се од други градови: Битола, Скопје,а ги има многу и од Источна Македонија.  Оние кои се затекнати на лице место  се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење.
-„Најголем дел од лицата кои питачат во Охрид и Струга се малолетници секако дека има и возрасни со нив но она што го преземаме е исто  така  и против возрасните кон кои се поднесуваат пријави согласно челенот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.Најголемиот дел од воие лица доаѓаат од други подрачја од Битола, Прилеп и повеќе градови од Источна Македонија и од тука сакам да напоменам дека активно сме вклучени во елиминирањето на оваа појава. Имено питачењето е грда слика за туристичките центри и претставува проблем и за жителите на Струга и Охрид и за туристите “, додава Димоски.
Исто како и лани од јануари до јули годинава на подрачјетто на Охрид и Струга регистрирани и се 15 случаи на питачење против кои се преземени законски мерки. Законот за прекршоци предвидел и казни   од 15 до 30 евра во денарска противредност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top