Петрески ќе одлучува за добитникот на наградата Св Климент Охридски

Градоначалникот Александар Петрески ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески годинава ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите 12  номинации.

 |  Валентина Нелоска  | 
Svetiklimentova nagrada
Светиклиментова награда

Градоначалникот Александар Петрески ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески годинава ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите 12  номинации. Колку оваа одлука  ќе му биде лесна или тешка на градоначалникот не се знае, но со сигурност се знае дека со тоа ќе здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија. Изминатите две години доделата на наградите ја тресеа скандалозни случувања. За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот  ја префрлија на еден човек- Градоначалникот. До мината година наградата можеше да  ја поделат повеќе добитници, но сега тоа не е случај. Сега важи правилото една награда за една личност. Така нема да се повтори ланската ситуација кога наградата ја поделија тројца добитници, Фондацијата „Рамковски“, Здружението  на граѓани „Богојавление“ и „Фестивалот Охридско лето“.   Нема  само измена на  можноста некој и сам да се предложи. Со промените се  предвидува Градоначалникот да избере експертски тим кој ќе му помогне во изборот на добитникот на Св Климентовата награда. Сеуште нема информации дали некој ќе му помогне на градоначалниот Петрески во годинешниот избор.
Комисијата за додела на награди пак, во состав од советниците Виолета Мицкоска, Верица Хајба, Александар Попоски, Љубен Буџакоски и Томислав Тунтев од 5 кандидати ќе избираат добитник на повелбата Св.Климент.
Лани оваа награда беше посмртно доделена на Никола Манески и на Христина Аслимоска.
Имињата на добитниците на Наградата за животно дело и Повелбата на патронот на Охрид, Св Климент  треба да се објават до 7 декември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top